Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, членството на Република Македонија во Европската Унија и престојните парламентарни избори.
Мицкоски нагласи дека приоритет и стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската Унија, притоа потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како Македонија да ја стави на брзата трака за членство во Унијата.
Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна тој, ќе биде фокусирана на суштински реформи во правосудниот систем и спроведување на реформски процеси клучни за европската перспектива на Република Македонија. Мицкоски потенцираше дека високиот степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта се клучниот проблем со кој се соочува нашата држава, а токму ова е аргумент во застојот на интеграциите.
Мицкоски ја истакна и важноста на фер и демократски изборен процес за иднината на државата.
Соговорниците се согласија дека Република Македонија и Република Хрватска имаат одлични односи кои треба дополнително да се продлобачот.