Монако го финализира трансферот на 18-годишниот талентиран српски дефанзивец Страхиња Павловиќ од Партизан (Белград), објави клубот.
Српскиот младински репрезентативец нема веднаш да се приклучи на тимот од Кнежеството, туку ќе ја заврши сезоната на изнајмување во Партизан.
За трансферот, Монако ќе плати 10 милиони евра, со дополнителни два милиони бонус.