– Неколку турски воени авиони Ф-16 денеска го повредија грчкиот воздушен простор и повеќепати прелетаа над грчки острови во период од 25 минути, соопшти Генералштабот на националната одбрана на Грција.
Два авиони навлегле во грчкиот воздушен простор без поднесување план на летот и четирипати прелетале над островот Панагиа, на височина од 2.000 до 7.000 метри, и седум пати над островот Инусес.
Прелетите се извршени брзо, меѓу 13.35 и 13.50 часот.