Санкциите на САД нема да ја запрат изградбата на гасоводот „Северен тек“ 2, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
„Веруваме дека проектот ќе биде завршен“, рече тој на прашањето дали можните санкции од САД може да ја запрат изградбата на гасоводот.
Евентуалните санкции на САД против Северен тек 2 го кршат меѓународното право и претставуваат совршен пример за нелојална конкуренција, посочува Песков.
„Ваквите можни санкции на САД се директно кршење на меѓународното право. Тие претставуваат идеален пример за нелојална конкуренција и ја шират американската вештачка доминација на европските пазари, наметнувајќи им поскапи и некомпетитивни производи на европските потрошувачи – поскап природен гас“, рече тој.