Правда стокми закон со кој Рускоска ги презема надлежностите на СЈО

Министерството за правда изготви нов Законот за јавното обвинителство откако политичките партии не можеа да најдат заеднички јазик за истиот, а со кој требаше да се реши и статусот на СЈО, дознава „Фокус“.

Новиот предлог не предвидува ново обвинителство за гонење на висока корупција, туку сите случаи од овој профил ќе ги работи постоечкото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чија шефица е Вилма Рускоска.

Вработените, стручните соработници и останатиот технички персонал во СЈО, предвидува законот, ќе останат без работен ангажман, а нивните работни договори ќе се прекинат.

Треба да знаете
Последни објави