Објавен е конечниот список со кандидатите за Играч на годината, престижен наслов што го доделува „Глобус Фудбал награди-2019″ година.
Во номинацијата за „Најдобар фудбалер на 2019 година” се вклучени: Кристијано Роналдо (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк (Ливерпул).
Последните три години, Роналдо ја освојува наградата за најдобар играч на годината.
Во номинацијата „Најдобар тренер на 2019 година”, наградата ја „бркаат” Јирген Клоп (Ливерпул), Фернандо Сантос (репрезентацијата на Португалија) и Ерик тен Хаг (Ајакс).
Ливерпул, Ајакс и женскиот тим на Лион се номинирани за „Најдобар тим на 2019 година”.
За „Откритие на годината” номинирани се играчот од средниот ред Ансумане Фати (Барселона), Ерлинг Холанд (Салцбург), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) и Жоао Феликс (Атлетико).
Меган Рапино и Алекс Морган од САД, Луси Бронц (Англија) и Амандин Анри (Франција) беа номинирани во номинацијата „Најдобра фудбалерка во 2019 година”.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29 декември во Дубаи (Обединетите Арапски Емирати).
Наградите „Глоуб фудбал” ги организира Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и Европската асоцијација на фудбалски агенти (ЕФАА).