Русија: Половина милиони евакуирани во изминатите три недели поради лажни терористички закани

Речиси половина милион луѓе бес евакуирани во изминатите три недели од згради низ Москва поради лажни терористички закани, јавија руски медиуми.

Повеќе од 3.500 згради, метро станици, судови и аеродроми беа евакуирани од почетокот на бранот закани со бомби на 28 ноември.

Не е пронајдена бомба на ниту една локација.

Москва се соочи со бран терористички закани последниве години. Руските власти претходно влегоа во трага на таквите повици, кои по правило доаѓаа од странство, вклучително и од Украина.

Треба да знаете
Последни објави