Англискиот фудбалски талент Џејдон Санчо од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд, со само 19 години и 267 дена, урна рекордер стар полвина век како најмлад стрелец кој постигнал повеќе од 20 голови. Рекордер досега беше Хорст Копел од 1968 година со 18 години и 269 дена.
Затоа англискиот интеранционалец во зимскиот преоден рок ќе биде еден од најбараните фудбалери на фудбалскиот пазар. „Милионерите“ кои го купија за само 10 милиони евра од Манчестер сити сега не помислуваат да го продадат за помалку од 100 милиони евра.
Во сезоната 2017-18, младиот Англичанец дебитираше за Борусија Дортмунд и го постигна првиот гол во бундеслигашката конкуренција. Пред крајот на еснскиот дел од оваа сезона Санчо постигна гол против Лајпциг и стигна до бројка од 22 погодоци со што влезе во историјата. Санчо само на последните шест меча даде осум гола.