Претседателот на Демократската yнија за iнтеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното pретседателство на партијата, којашто ќе се оддржи денеска, со почеток во 15:00 часот во партиското седиште во Тетово.
Како што информираат од партијата, на седницата треба да се утврдат предлозите за делегати на четвртиот изборен конгрес на ДУИ, како и членовите на идните партиски тела, но и програмски определби и статутарни промени.
Неодамна премиерот Зоран Заев ја критикуваше ДУИ како коалициски партнер поради илјадниците амандмани поднесени по однос на изборните промени.
Прашан дали е можна нова коалиција, Заев само рече дека ќе има сериозни размислувања.