Документарецот за Грета Тунберг ќе се снима следната година и како што пишуваат странските медиуми, ќе го следи ангажманот на оваа шведска тинејџерка од првиот ден на нејзината борба против климатските промени, но ќе се осврне и на прашањето за постоење политика во таа борба
Филмот е наречен „Грета“ и ќе го режира Натан Гросман, а ќе ја следи борбата на 16-годишното девојче за поодржлива иднина на планетата, од нејзиниот прв штрајк во училиште до учеството во меѓународни протести и страсни говори на Самитот на ООН во Њујорк и на климатскиот самит во Мадрид.
Премиерата на филмот е закажана за следната година, објавува списанието „Ролингстон“.
Угледниот магазин „Тајм“ неодамна ја прогласи Тунберг за личност на годината поради нејзината борба.