Сијарто: Унгарија загуби 8,5 милијарди долари поради санкциите против Русија

Унгарија загуби 8,5 милијарди долари поради санкциите против Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто во интервју за РТВИ.

Тој рече дека Русија е втор најголем трговски партнер на Унгарија, кој изгуби многу можности за извоз по воведувањето санкции. Во исто време, Сијарто истакна дека Унгарија никогаш не го нарушила европското единство по прашањето на санкциите и нема намера да го стори тоа во иднина.

– Иако секогаш охрабруваме чесен дијалог, санкциите ја отежнуваат, политички и економски, нашата работа, рече унгарскиот министер за надворешни работи.

На 13 декември лидерите на ЕУ го продолжија режимот на санкции против Русија за уште шест месеци – до јули 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави