Специјален трибунал бара да му се суди на Салвини поради мигрантите

– Специјален трибунал денеска препорача да му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи на Италија и лидер на крајнодесничарската Лига Матео Салвини бидејќи, на негово барање, во јули десетици мигранти биле држени на брод на крајбрежна стража и не им било дозволено да се истоварат на копно.

Судии од Сицилија побараа одобрување од Парламентот да ја продолжат истрагата за Салвини поради наводно киднапирање мигранти, посочувајќи дека ги злоупотребил своите овластувања и лишил од слобода 13 лица.

„Под истрага затоа што ја бранев безбедноста, границите и достоинството на мојата земја, неверојатно”, напиша Салвини во соопштение, при што истрагата ја оквалификува како „срамна”.

Салвини во јули, додека беше министер за внатрепни работи, нареди мигранти, вклучувајќи и деца, да останат на бродот на италијанската крајбрежна стража „Грегорети” се додека европските земји не се согласија да прифатат поголем дел од нив.

Треба да знаете
Последни објави