Српска Листа: Привикувањето судири е најопасна опција

Српска Листа, коментирајќи ја изјавата на поранешната преговарачка Едита Тахири дека ќе има војна ако Србија не ја признае независноста на Косово, денеска оцени дека ѕвечкањето со оружје и повикувањето на судири е најопасната опција.

Според Српска Листа на изјавата на Тахири би требало да реагираат сите политички претставници во Приштина, но и меѓународни претставници, посебно КФОР, Еулекс, Европската унија и УНМИК.

„Како во претходните децении да немаше доволно судири, страдања и патење, па Едита Тахири, каков парадокс, зборуваше на собир каде тема беше учество на жените во мировните процеси, повикува на судири, негирајќи можност за изнаоѓање компромисно, одржливо и мирно решение за проблемот на Косово и Метохија”, се наведува во соопштението на Српска Листа. Во соопштението уште се изразува надеж дека изјавата на Тахири ќе наиде на најширока можна осуда, но и дека Обвинителството во Косово ќе почне постапка против неа, бидејќи ги вознемирува граѓаните и поттикнува омраза.

Треба да знаете
Последни објави