Студентки од Индија станале симбол на храброст откако формирале жив ѕид за да го заштитат својот колега од полицијата, која била испратена за да ги смири протестите во Њу Делхи поради контроверзниот граѓански закон.
На видеото се гледа како група мажи влечат демонстрант и потоа го тепаат на земја, пренесува „Дејли мејл“. Повеќето од мажите се во полициска униформа.
Поради храбриот потег тие се прогласени за хероини, додека протестите беснеат во Индија поради спорниот закон со кој се дозволува државјанство на имигранти кои не се муслимани, а кои нелегално влегле во Индија од неколку соседни земји