Управниот одбор на ФФМ денеска донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕП 2020.
У.О. донесе и одлука натпреварот С. Македонија – Косово од полуфиналето во Лигата на Нациите да се одигра на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020 година.
Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот.