Хакирани медицински податоци на 15 милиони Канаѓани

Служби за кибер заштита покренаа истрага за хакерски напад со кој се украдени здравствени досиеја, каде има лични информации на 15 милиони Канаѓани.

LifeLabs, кои извршуваат анализи на  крв и други тестови низ Канада, во писмото до клиентите соопшти дека нивните имиња, информации за контакт, броеви на здравствени картички и резултатите од лабораториските тестови можеби биле откриени при компјутерски напади врз нивните компјутери минатиот месец.

Повеќето од погодените се во Онтарио или Британска Колумбија.

Компанијата исто така соопшти дека платила неоткриена сума на хакерите за да ги вратат податоците и ангажирале експерти за компјутерска безбедност за да ги изолираат и заштитат вклучените компјутери и да го утврдат степенот на истекување на информациите.

Треба да знаете
Последни објави