– Либанскиот премиер во заминување Саад ал Харири соопшти денеска дека не е кандидат за нов претседател на владата на таа земја.
Харири инсистира формалните консултации за именување нов премиер да се одржат утре, согласно планираното.
– Одам утре да учествувам во консултациите…, рече Харири, нагласувајќи дека не би требало да бидат одложени од која и да е причина.
Харири не соопшти кого ќе предложи за премиер за време на консултациите, чиј домаќин утре ќе биде претседателот Мишел Аун.