Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вечерашната дебата на ТВ 24 за Измените во изборниот модел рече дека само ВМРО-ДПМНЕ била партија која се бори за државата. Освен Ѓорчев учествуваа претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, Артан Груби од ДУИ и Дамјан Манчевски од СДСМ.
-Зоран Заев се бори да си ја сочува политичката кариера, дека повеќе од јасно е дека власта ќе ја изгуби. ДУИ се бори за своите интереси и тоа е легитимно. ДОМ се бори за да има министер во Владата и ништо повеќе. А, ВМРО-ДПМНЕ со сите маани што ги има, се бори за оваа држава, смета Ѓорчев.
Ѓорчев вели дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за мнозински изборен модел по принципот на Велика Британија, бидејќи на овој начин ќе се обезбеди стабилна демократија и репрезентативност од изборниот процес.
-Пропорционален модел со 23 политички партии не носи ефекти. Со една изборна единица може да се случи после изборите да не може да се формира влада и да нема функционална демократија, рече Ѓорчев.