СДСМ како одговорна социјал-демократска партија во континуитет докажува дека вистински се грижи за сите граѓани. Преку одговорни економски мерки и политики обезбедува повеќе пари во секое семејство.
Во таа насока е и мерката за субвенционирање на придонесите за здравствено и социјално осигурување, наменета за сите оние работодавачи кои ќе им ги зголемат платите на своите вработени.
СДСМ преку Владата која ја предводи, донесе Закон за субвенционирање придонеси за сите оние кои платите на своите вработени ќе им ги зголемат од 600 до 6.000 денари.
За оваа мерка, субвенции од државата досега побарале вкупно 8.000 фирми, а повисоки плати ќе добиваат околу 45.000 вработени.
При тоа, важно е да се напомене дека правото за субвенции на придонесите поради технички причини се уште не го оствариле околу 1.300 работодавачи за 47.000 вработени.
Со нивното решавање, вкупната бројка на работници кои ќе добиваат поголеми плати изнесува 92.000.
58 милиони денари е сумата која ќе биде наменета за субвенционирање на придонесите за месеците октомври и ноември, која фирмите треба да ја добијат за да може да исплатат поголеми плати.
Ова е само една од мерките за економски развој, која има за цел и задржување на вработените во земјата, но и сузбивање на сивата економија односно намалување на трендот на примање плата на рака.
Економскиот раст кој е производ на мерките и политиките на СДСМ, се гледа и преку отворањето на нови 59.000 работни места и намалување на невработеноста на историски најниски 17,1%.
Отворање на нови работни места, порастот на минималната плата, порастот на просечната плата, зголемувањето на платите во јавниот сектор, порастот на извозот и индустриското производство, зголемени странски инвестиции и отворање на нови фабрики се реалност и потврда на успешноста на оваа Влада.
СДСМ продолжува со реализација на мерките кои обезбедуваат економски раст и развој повеќе пари кај граѓаните, подобар животен стандард за сите.