Тој е ѕвездата на новиот филм Terminator: Dark Fate.
A во вторникот попладне Арнолд Шварценегер беше забележан со маица Терминатор од новото продолжение на познатата франшиза.
Додека беше надвор, 72-годишниот актер го искористи сонцето за дружба со пријател во Лос Анџелес.
Aктерот додаде нијансја на софистициран до лежерен изглед со гувернерски дуксер на сојузната држава Калифорнија. Темно зелени панталони и ремен и кафени кратки чизми за студено попладне надвор. Папараците го забележаа кога излегувал од ресторанот со iPad во рацете а надвор разговарал со својот пријател.
Арнолд глуми во пет филмови на франшизата Терминатор: „Терминатор“ и „Терминатор 2“ од 1984 година, „Суден ден“ од 1991 година, „Терминатор 3: Бунт на машините“ во 2003, „Терминатор Генисис“ во 2015 година и најновиот „Терминатор: Темна судбина“ 2019 година.
Во 90тите, актерот со потекло од Австрија почна да се занимава со политика, така што се кандидираше за гувернер во 2003. По неговата победа, тој положи заклетва како 38-ми гувернер на Калифорнија на 17 ноември 2003 година.
Политичарот отслужи два мандата, и функцијата гувернер заврши во 2011 година.
Откако ја напушти функцијата, тој продолжи да помага на другите и се погрижи тоа да биде негова мисија на која продолжи да ѝ служи.
Тој помогна во пронаоѓањето на Р20 Региони за климатско дејствување и подоцна, во 2012 година беше признат како глобален поддржувач и застапник од страна на Здружението на дописници на Обединетите нации.