Јахта долга 86 метри е сериозно оштетена откако удри во пристаниште на карипскиот остров Сент Мартин.
Јахтата, која некогаш му припаѓала на рускиот милијардер Роман Абрамович, снимена е како удира во пристанишниот мост на нејзиниот пат кон лагуната Симсон Беј при што соборила една од неговите контролни кабини, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Un lujoso yate de un multimillonario choca y destruye una cabina de control de un puente https://t.co/FDp63eQJra pic.twitter.com/1gsVa6XShF
— RT en Español (@ActualidadRT) December 17, 2019
Според првичните сознанија, силниот ветер предизвикал капетанот на бродот да загуби контрола откако јахтата пристигнала во заливот во неделата попладне.
Во инцидентот, за среќа, никој не е повреден.
Британски „Метро“ соопшти дека јахтата вреди 57 милиони фунти, а во 2009 Абрамович ја продал на принцот престолонаследник од Абу Даби, Мухамед бин Зајед ел Нахјан, а тој, пак, на пакистанскиот магнат Алшаир Фијаз во 2014 година.