Гатузо го враќа Елмас во Истанбул

Турските медиуми најавуваат враќање на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во Истанбул !

Македонскиот фудбалски бисер, 20-годишниот Елмас ќе оди на позајмица во зимскиот преоден рок во Турција. Но, не во Фенербахче од каде пристигна летово во италјанската Серија А во Наполи, туку во редовите на лутиот ривал во турскиот шампионат Бешикташ.

Ваквиот расплает со статусот на Елмас во Наполи по пристигнувањето на клупата на Џенаро Гатузо беше најавен и од италјанските медиум. Според турските медиуми новиот тренер на Наполи, Гатузо не го има во преден план македонскиот репрезентативец. Гатузо се изјасни дека во зимскиот преоден рок ќе побара нови играчи за да го врати тимот на Наполи во врвот на италјанскиот фудбал, посебно по стартниот пораз пред своите навивачи од Парма.

Елмас во Наполи пристигна во времето на тренерот Карло Анчелоти, кој поради резултатската криза во Серија А на наполитанците и лошата атмосфера во соблекувалната доби отказ по настапите во групната фаза од Лигата на шампионите. Елмас од трофејниот тренер Анчелоти добиваше доволно внимание и добра минутажа во тимот на Наполи каде често се појавуваше и во почетниот тим, што не е случај на почетокот од пристигнувањето на Гатузо во клубот.

Треба да знаете
Последни објави