Груби: Влошени односите помеѓу ДУИ и СДСМ – ДУИ ќе оди самостојно на избори

Поради недоразбирањата на релација СДСМ-ДУИ, Владата формира работна група за доближување на ставовите, потврди пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, говорејќи околу несогласувањата меѓу коалиционите партнери за промена на Изборниот законик.

Пратеникот на ДУИ пак, Артан Груби, вели дека недоразбирањата меѓу СДСМ и ДУИ се вистински и искрени, кои настануваат поради разликите и приоритетите на партиите во нивните програми.

„Во однос на Изборниот законик, особено изборниот модел за следните избори, сметаме дека без широк консензус, без учество на сите политички партии во земјата и без сеопфатна дебата со сите засегнати страни во процесот,  не може да има еднострани и наметнати решенија во Собрание, особено не решенија кои му наштетуваат на политичкото претставување на Албанците во законодавниот дом“, истакна Артан Груби, пратеник на ДУИ.

Целиот линк погледнете го на ТВ21

 

Треба да знаете
Последни објави