Отворен македонскиот Kултурно-информативен центар во Истанбул

– Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, кој беше најавуван неколку години, денеска е свечено отворен. Во согласност со Договорот со Турција, нашата земја доби простор за КИЦ-от во зградата „Сејран” која има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот „Таксим” во центарот на Истанбул. Согласно со Договорот, Турција го доби на привремено користење од 10 години Куршумли ан, кој ќе биде целосно реставриран.

Како што соопшти Министерството за култура, на отворањето присуствувал и министерот Хусни Исмаили, кој во обраќањето истакнал дека Центарот ќе биде главно средиште за претставување на наши уметници и проекти во Истанбул.

– Проектите и програмите кои ќе бидат презентирани во КИЦ-от ќе бидат потврда за нашите заеднички заложби да ја продлабочиме културната билатерална соработка меѓу нашите две пријателски држави. Министерството за култура, како досега така и во иднина, ќе ја дава својата поддршка за што поинтензивна промоција на културата во Истанбул, а убеден сум дека овој простор наскоро  ќе прерасне во вистински центар на културата, соработката и пријателството, истакнал Исмаили.

Во однос на КИЦ на Турција во Скопје, министерот посочил дека процедурата за регистрирање е завршена, издадени се Одобрение за конзервација и реставрација на Куршумли ан и Решение за назначување овластен архитект за вршење надзор над изведувањето на работите за непосредна заштита.

Извршено е и предавање на клучевите од објектот Куршимли ан на директорот на Институтот „Јунус Емре”, соопштил Исмаили. На Рамадан Рамадани, кој е директор на нашиот КИЦ во Истанбул, министерот му посакал успех во работата, а им се заблагодарил и на Владата и министерствата за култура и за надворешни работи на Турција за поддршката во реализација на оваа иницијатива.

Треба да знаете
Последни објави