Лола, млада девојка која живеела во Данска пред 5.700 години, имала сини очи, темна кожа и темна коса. Нејзиниот последен оброк се состоел од лешници и патка, но без млеко бидејќи нејзиниот стомак не поднесувал млечни производи.
Сето ова е познато бидејќи девојчето џвакало смола од бреза, која има карактеристики на гума за џвакање. Истражувањето на ова парче смола од бреза го открива целиот геном на девојчето, како и нејзината орална микробна флора.
Како што пренесува „Си-ен-ен“, ова откритие има многу поголемо значење за науката. Поточно, генетскиот материјал досега можел да се дешифрира само од човечки коски, и ова е прв пат научниците да успеат да го изолираат од друг материјал.
Смолата од бреза е материјал што луѓето од палеолитот го користеле како лепило пред 760000 години. Ја добивале со загревање на кората од бреза, и патем сфатиле дека може да се џвака – како што укажуваат трагите од заби пронајдени на древните остатоци од смола.
Ова парче смола од бреза го пронашле археолозите од музејот Лоланд-Фалстер на Археолошкиот локалитет „Силтолм“ на Лоланд, кој е четвртиот по големина остров во Данска, а студијата е објавена во списанието „Нејчр комуникејшн“.