После 10 години обраќања на еден партиски послушник како Ѓорге Иванов, кој ги промовираше политиките на режимот и изолацијата, денеска бевме сведоци на обраќање на надпартиски Претседател.
Како независна институција Претседателот треба да биде фокусиран на остварување на стратешките цели на државата меѓу кои и членството во ЕУ и НАТО.
За дел од работите што беа споменати можеме да се сложиме, на пример кога Претседателот вели дека има уште многу работа, особено имајќи го предвид кочењето на процесите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на помирувањето, тој процес го иницираше премиерот Заев, започна овде во Собранието, се формираа и работни групи на оваа тема кои активно придонесуваат и на тој процес треба да му се даде поддршка.
За само 2.5 години СДСМ успеа да ја врати државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членството во НАТО и отворањето на преговори со ЕУ.
Значењето на Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија за нас како држава и за нејзината иднина се исклучително важни. ЕУ и НАТО не се возможни без Договорот од Преспа со кој државата излезе од децениска изолација и дојде на прагот на НАТО и ЕУ. Договор кој затвори 25 годишен спор и истовремено го зачува и обезбеди нашиот идентитет.
Нема компромис со криминалот и тоа е јасна позиција на СДСМ. Нема таков суд, судија, обвинител што ќе го запре овој процес! На овој наш заеднички пат треба да ја завршиме и борбата за правдата.
Како парламентарно мнозинство сакаме да гледаме сојузник во претседателот Пендаровски во нашата мисија да обезбедиме решенија што обезбедуваат подобар живот за сите и водат напред, за правда и едно општество за сите.
Очекуваме тоа да продолжи и по 12 април кога граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека сме на прав пат и нема да дозволат да се врати режимот, режим никогаш повеќе!