Познавањето јазик веќе не е услов за социјална помош во Австрија

Странците во Австрија веќе нема да добиваат помала социјална помош ако не учат германски јазик. Ваква одлука донесе Уставниот суд со која се укинува законот на претходната влада.

Судот донесе пресуда дека поврзувањето на плаќањата за социјална помош со владеење на јазик го крши Уставот затоа што ги дискриминира оние што имаат тешкотии во учењето или оние што успеваат да најдат работа што не бара германски јазик.

Треба да знаете
Последни објави