Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за убиството на Пинета Секондо, а за које обвинета Ангела Ѓеоргиевска. На рочиштето сведочеа двајца сведоци предложени од обвинителството, кои рекоа дека чуле признание за убиство, а и виделе оружје, пренесе Макфакс.
За време на сведочењето на Рамиз Али, мораше да интервенира Екипа на Брза помош, бидејќи му се слоши. Судот даде триесетминутна пауза по која судењето продолжи откако медицинската екипа на сведокот му даде терапија за смирување.
Али кажа дека бил до скопски Синѓелиќ да го собере Фуркан со девојка и дека под скалите во неговиот дом Фуркан нашол јакна под која било оставено оружје. Тој не можеше да се сети кое било женското лице кое било во возилото со Фуркан.
Ангела Георгиевска обвинета дека учествувала во убиството на Пино Секондо, на почетокот на судењето изјави дека не е виновна и дека не сторила ништо од тоа што ја товарат.
Нејзиниот адвокат, Еленко Миланов рече дека ќе докажат дека Ангела е обвинета поради притисокот на јавноста врз институциите и без ниту еден доказ.
Според обвинението, Ангела на 11.12.2018 година го повикала Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Али Фуркан, осомничен за убиството, со автомобил „Опел Аскона, носејќи со себе пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот „Шкода“ со кој дошол Пино.На совозачкото место седнала обвинетата, додека Пино седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан со пушката го застрелал во главата Пино, а потоа заедно со Ангела го ставиле телото во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе.
Во меѓувреме, полицијата трага по Али Фуркан