Тахири: Ако Србија не ја признае независноста на Косово можна е војна

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград, Едита Тахири денеска изјави дека ќе се случи војна ако Србија не ја признае независноста на Косово.

Како што јави косовскиот весник „Лајм” таа на собирот „Пат кон конечен договор помеѓу Косово и Србија” во Приштина истакна дека „Косово и Србија не се двете Германии”.

Таа исто така нагласи дека дијалогот Белград – Приштина не е прекинат поради воведување на царини на артиклите од Србија, туку затоа што „Косово беше во опасност”.

Треба да знаете
Последни објави