Џек-пот во Охајо: Среќник на лотарија доби 372 милиони долари

Добитно ливче во играта на среќа „Мега милиони“ е продадено во американската сојузна држава Охајо, а наградата е 372 милиони долари, соопштија официјалните лица.

Ливчето е продадено во супермаркет во предградието на Кливленд, со добитните броеви се 22, 30, 53, 55, 56 и 16.

Ова е 20. џек-пот кадешто ливчето е продадено во Охајо, откако играта беше лансирана во 2002 година, пренесува АП. Супермаркетот ќе добие 100 000 долари награда поради продажбата на победничкиот лоз. Претходниот добитник на главната награда во Охајо, која беше доделена на 4 мај 2018 година во износ од 142 милиони долари, одбра таа да му биде исплатена во готово.

Добитниците на наградите имаат рок од 180 дена да ги пријават и да ги побараат своите добивки.

Треба да знаете
Последни објави