Арачиново без вода и покриена од отпадоци, Општината стави катанец на барањата

Како советник на општината, избран претставник на народот, имам законска и морална обврска јавно да одговорам и да го изразам револтот на граѓаните на Арачиново за многу прашања и проблеми со кои се соочува Арачиново за кои локалното раководство не прави ништо да им излезе бо пресрет на граѓаните, па дури ја заклучија и зградата на Комуната.

Главните и најитните проблеми се:

Повеќе од два месеца над 15,000 жители на Арачиново немаат вода, причината е прекинувањето на електричната енергија од страна на ЕВН во пумпите што пумпаат вода од бунари заради неплаќање на сметките од страна на Општината. Ова е огромен проблем дури и за двете основни училишта каде учат над 2.000 ученици. Според информациите што ги имам како општински советник, тоалетите не работат заради недостаток на вода и ова претставува потенцијален ризик од ширење на епидемиска болест.

  1. Друг многу алармантен проблем е состојбата со отпадот. Пред секоја куќа во Арачиново е формирана мини депонија затоа што надлежното општинско претпријатие престана со работа повеќе од еден месец без никакво оправдување, и како резултат во Арачиново мириса многу лошо и стана опасно место за живеење. Жителите кои имаат можност ги чистат, но ова не е решени.

Јас, како советник на Алијансата за Албанците и единствениот опозициски претставник во Советот на општината, сум должен јавно да ги објавам овие многу сериозни проблеми на жителите на Арачиново, затоа што во Советот на општината воопшто и не се грижи за овие проблеми.

Апелирам до Министерството за Екологија и лично до премиерот Заев, кој ги доби гласовите на Арачиново, со надеж за подобар живот; да ги преземе потребните итни мерки за решавање на овие два многу итни проблеми со кои се соочува Арачиново.

Потсетувам дека ова е последен пат што јавно ви се обраќам за да ве молам да ја извршите работата за која народот ве легитимираше а вие сте должни да ја извршите! Во случај на небрежност, следниот чекор што ќе го преземеме со жителите на Арачиново се протестите на регионалниот пат Скопје-Куманово.

Треба да знаете
Последни објави