Грчката полиција уапси 23-годишна жена, откако во градот Каламата беше пронајдено бебе во канта за отпадоци, пренесуваат грчките медиуми.
Бебето, кое било на возраст од само неколку дена, вчера случајно било најдено од жител на тоа место, кој го слушнал бебето како плаче. Како што се наведува, ако жената не го забележала бебето сега ќе било мртво, бидејќи нема да преживеело со оглед дека наскоро требало да дојде камион кој го зема и го пренесува ѓубрето од кантите.
„Бебето имало среќа во несреќа. Тој ден доцнел камионот за собирање на ѓубрето“ рекол грдоначалникот на Каламата, Танасис Василопулос.
Жената која го пронашла бебето рекла дека малечкото се наоѓало во хартиена кеса. Кога го слушнала плачењето, прво се обратила на соседите, кои ѝ рекле дека најверојатно се работи за мачки. Но за среќа, жената отишла до кантата за отпадоци за да провери што точно се случувало.
Полицијата го зела бебето и го однела во болница, каде лекарите рекле дека бебето целосно ќе се опорави. Според информациите, поради обид за убиство, уапсена е наводната мајка на бебето.