– Привремениот менаџер на Евертон, Данкан Фергусон ќе остане на функцијата за претстојниот натпревар од 18-тото коло од Премиер Лигата со Арсенал.
Веста беше официјално објавена на веб-страницата на „карамелите”.
Легендарниот напаѓач на Евертон го водеше тимот на последните три средби, во кои тимот од Мерсисајд го совлада Челзи, ремизираше со Манчестер Јунајтед и испадна од Лестер во 1/4-финалето на Лига Купот, по изведување на пенали.
Вчерашниот натпревар се очекуваше да биде последен за Фергусон како менаџер, а денес или утре да биде назначен Карло Анчелоти на функцијата. Сепак, се чини дека договорот на експертот од Италија нема да биде финализиран навреме за тој да го предводи тимот против Арсенал.
Како и да е, најверојатно, Карло ќе го проследи дуелот од трибините на „Гудисон Парк”.