Изгоре новогодишна елка во атинска населба

Новогодишната елка во атинската населба Ексархија (што важи за собиралиште на анархисти), не издржа ни 24 часа- вчера наутро ја поставија од општината, доцна синоќа непознати лица ја запалија, јави дописничката на МИА од Атина.

За инцидентот, преку Фејсбук реагираше градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, кој истакна дека елката одново ќе биде поставена, а паралелно сподели и видео од палењето.

-Светлината секогаш ја победува темнината. Љубовта секогаш ја победува омразата. Божиќ не може никој да го запали. И е за целиот град. Затоа, елката повторно ќе се постави. Судија на вандалите кои што се гордеат и на Јутјуб, се жителите на Ексархија кои сакаат исто како и останатите Атињани, да живеат и да се радуваат, напиша Бакојанис.

Треба да знаете
Последни објави