Како Силвија Стојановска падна во мрежата на Воислав Будисављевиќ, екс партнерот на Мадам Пепи

Новинарот Зоран Божиновски на својот Фејсбук профил откри дека заедно со актерката Силвија Стојановска, која денеска беше приведена за вмешаност во шверц на 700 килограми кокаин во Шпанија, е приведен нејзиниот втор сопруг, Воислав Будисављевиќ, познат на јавноста од случајот со шверц на кокаин за кој пред девет години беше осудена „Мадам Пепи“.

-Приведениот Воислав Будисављевиќ е втор сопруг на актерката Силвија Стојановска, сега екстрадирана и сместена во домашен притвор за криумчарење 700 килограми кокаин! Неговиот брат, со живеалиште во Белгија е процесуиран во Шпанија. Според мојот извор, Стојановска поднела барање за развод откако наводно разбрала со што се занимава Воислав…, пишува Божиновски.

https://www.facebook.com/zoranburevesnik11/posts/10221199826687837

Божиновски потсети и на случајот со Персида Момировска, позната како „Мадам Пепи“, сопственичка на бутик која беше осудена на пет години затвор за шверц на два килограми кокаин.

-Кај Мадам пепи, додека да појде во притвор па затвор се облекуваше и набавуваше дрога македонскиот политички естблишмент и комплетната естрада. При нејзиното апсење беше пронајденсписок со 500 такви идентитети, ама нели се се забошоти…Дрогата на Мадам пепи за препродажба ја праќал денес уапсениот Воислав Будисављевиќ од Перу, пишува Божиновски.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10221200043413255&set=a.10213871785171379&type=3

За потсетување, Основниот суд Скопје 1 во јули 2010 година ја осуди Персида Момировска позната како Мадам Пепи на пет години затвор за шверц на дрога и брендирана облека. Момировска доби три и пол години затвор за неовластено пуштање во промет на дрога и година и пол за шверцување облека од познати светски марки. Во текот на судењето Момировска призна дека дел од стоката ја продавала без да плати давачки кон државата, но негираше поврзаност со пратката кокаин од Перу.

Во октомври 2014 година Белгија го екстрадираше Будисавлевиќ, кој во отсуство беше осуден на затворска казна од три ипол години за фалсификување исправи, откако една година претходно бил уапсен во Белгија за кривични дела кои ги направил на нивна територија.

Будисавлевиќ во 2009 година заминал за Лима, Перу каде од непознат дилер ја купил дрогата. Преку Германија ја испратил за Скопје каде пристигнала како поштенска пратка за Мадам Пепи. На тој начин, полицијата го откри и шверцот на скапа брендирана роба која Момировска  ја продаваше во стан во Капиштец.

Треба да знаете
Последни објави