Во следните два дена во Тирана ќе се одржи состанокот на лидерите од Западен Балкан, во рамки на иницијативата „Мал Шенген”, чиј домаќин ќе биде премиерот Еди Рама.
Според тиранската телевизијаТоп чанел, за разлика од претходните два состанока, што се одржаа во Нови Сад и Охрид, овој во Тирана ќе биде под американски надзор.
-Дипломатски извор потврди дека на оваа средба американскиот Стејт департмент ќе испрати двајца специјални претставници кои одблиску ќе ја следат работата на состанокот, наведува телевизијата.
Додава дека САД преку специјалниот пратеник за Балканот, Метју Палмер уште од самиот почеток ја поддржаа заедничката регионална иницијатива на Албанија, Србија и Северна Македонија.
Американската страна,според Топ чанел, била загрижена поради досегашното одбивање на Приштина да се приклучи на иницијативата, а дипломатски извори изјавиле дека ги повикале косовските власти да се вклучат во иницијативата.
На состанокот,покрај македонскиот премиер Зоран Заев,српскиот претседател,Александар Вучиќ и домаќинот Рама, Топ чанал дознава дека ќе присуствува и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Иницијативата која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните освен САД ја поддржува и ЕУ.