Ништо од пресудата за „ТНТ“, судењето продолжува со нови адвокати

Судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ” продолжува утре за адвокатите именувани по службена должност да се запознаат со предметот. Постапката продолжува со испит на обвинети на предлог на одбраната.

Адвокатите, кои денеска попладне беа именувани по службена должност на четворица од обвинетите во предметот ТНТ, побараа одложување на денешното рочиште со цел да се запознаат со предметот.

-Ако обвинетиот го извести судот дека има избрано нов бранител, судот ќе го отповика адвокатот назначен по службена должност, изјави поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, кој е еден од обвинетите за случајот.

Тој вчера го отповикал неговото полномошно да биде застапуван од адвокатот Боро Тасевски и дека нов адвокат му е Јовица Страшевски.

Судијата Огнен Ставрев на тоа реагираше дека извесен Страшевски сигурно постои, но дека денеска не е присутен.

– Верувам дека сте дале овластување на некој адвокат Страшевски, што денеска не е просутен. Каде е тоа полномошно, вие денеска само усно кажавте дека сте го назначиле за бранител, изјави Ставрев.

Претходно судот ги казни со по две илјади евра адвокатите Боро Тасевски, Мерџан Даути и Дончо Наков за грубо навредување на Судот и одолговлекување на постапката. Адвокатите Даути и Наков не беа присутни на денешното рочиште, поради обврски на други судења, а адвокатот Тасевски, поради откажано полномошно.

Неприсуството на адвокатите, Судот го оцени како грубо навредување и одолговлекување на постапката и рече дека обвинетите ќе добијат бранители по службена должност и даде половина час пауза за процесно да се завршат работите.

Додека се чекаа решенијата за адвокатите по службена должност кој им ги додели судот на четворица обвинети, Миле Јанакиески во судницата побара од судот како сведоци да може да ги испитува Фијат Цаноски и Ардијан  Амзоски за јавноста да ја дознае вистината.

Сепак судот не му дозволува на Јанакиески да ги предложи овие двајца оштетени како сведоци, бидејќи биле присутни на судењата.

Миле Јанакиески во судница, додека се чекаа решенијата за адвокатите по службена должност кој им ги додели судот на четворица обвинети,чии адвокати  не дојдоа на судење за случајот ТНТ, за незаконското рушење на комплексот Космос на Фијат Цаноски.

Јанакиески побара од судот како сведоци да може да ги испитува Фијат Цаноски и Ардијан  Амзоски за јавноста да ја дознае вистината.

– Цаноски комуницирал со Груевски, јас ливче немам потпишано, рече Јанакиески.

– А каде е Груевски, го нема, го праша судијата Огнен Ставрев обвинетиот Јанакиески.

– За жал го нема, рече Јанакиески.

Сепак судот не му дозволува на Јанакиески да ги предложи овие двајца оштетени како сведоци,бидејќи биле присутни на судењата.

Треба да знаете
Последни објави