Помалку од половината Американци се со став дека треба да биде разрешен претседателот Доналд Трамп откако Претставничкиот дом донесе одлука за негово отповикување. Тоа се резултати од најновата анкета спроведена од Ројтерс и Ипсос.
Анкетата покажува дека одлуката на Претставничкиот дом направила малку за промена на мислењето на граѓаните во поделената држава.
Дваесет и шест отсто од граѓаните изјавиле дека сега повеќе го поддржуваат Трамп по одлуката за отповикување, додека 42 проценти рекле дека Трамп треба да биде сменет.