Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет со своите вештини. На ден кога се очекуваше сите да зборуваат за Ел Класико, Португалецот го привлече целото внимание.
Тој го постигна победоносниот гол во победата од 2:1 над Сампдорија во 17-тото коло од Серија А, а во моментот на постигнувањето на голот, Роналдо се наоѓал на височина од 2,56 метри или скокот на ѕвездата бил 71 сантиметар.
– Сериозно, скокнав на таа висина? Не бев свесен за тоа. Јас сум многу задоволен од резултатот, беше тежок натпревар, но мило ми е што помогнав”, изјави играчот.
Во Твитер профилот на Јувентус пак се појави шеговит пост: „Сите скокаме (2,56) од радост вечерва заедно”.
Роналдо веќе има голови на 5 последователни средби.