Фудбалската асоцијација на Јужна Кореја го избра играчот од средниот ред на Тотенхем, Сон Хин Мин за најдобар играч на земјата во 2019 година.
Дваесет и седумгодишниот Сон ја добива оваа наградата по четврти пат. Претходно беше избран за фудбалер на годината во 2013, 2014 и 2017 година.
Оваа година, Сон беше прогласен и за најдобар играч во Азија, кој настапува надвор од регионот.
Кореецот оваа сезона во Премиер лигата одигра 15 натпревари, постигнувајќи пет гола и осум асистенции.