Шарлиз, Никол и Марго – трите бомби на црвениот тепих испраќаат моќна женска порака

Три убави русокоси во Холивуд играат главни улоги во филм за три жени кои го срушиле познатиот медиумски предатор Роџер Ејлс – човекот кој со години, без последици, сексуално ги напаѓал и вознемирувал жените што работеле за Фокс њус (Fox News).

Bobmshell („Тие се бомби“) дава детален приказ на целата морбидна вистинска приказна и падот на Ејлс.

Премиерата на филмот во Лос Анџелес беше одлична увертира во возбудливото сценарио, а ѕвезди на црвениот тепих беа Шарлиз Терон во фустан Кристијан Диор, Марго Роби во фустан во боја на лаванда, креација на Жанбатист Вали, и Никол Кидман во костим Сен Лорен.

Шарлиз Терон неодамна изјави загриженост дека политиката ќе фрли сенка на вистинската порака нa филмот, а тоа е сексуално вознемирување на работа.

„Ова е приказна за жени кои не се чувствуваат сигурно на своите работни места и немаат еднакви права д аодат н аработа, да бидат амбициозни и да имаат се она што го имаат мажите на своите работни места, а тоа да не биде свртено против нив,“ рече Терон.

Нејзиниот фустан со длабоко деколте откриваше многу но не беше вулгарна. И не секоја жена може да извади мини и деколте до папок како што тоа го прави Терон.

„Рамна сум како даска. Некогаш ова ми сметаше, но научив како да користам мали трикови со кои ги подигам градите и самодовербата,“ рече пред неколку години актерката која никогаш не размислувала за естетски операции. Овој пат таа деколтето не го наполни со уметоци, бидејќи како што се гледа на фотографиите, фустанот го носи на голо.

Треба да знаете
Последни објави