11 години деструктивните и расипнички политики на ВМРО-ДПМНЕ ја изолираа и ја заробија државата преку урнисување на правниот систем и понижување на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години системски ги погазуваше човековите права и слободи, вршеше притисоци врз медиумите и новинарите, а инстутуциите ги претвори во партиски подружници.
Остатоците од заробената држава се уште се присутни во правосудниот систем.
Тоа мора да престане веднаш!
СДСМ како одговорна партија ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш, а Судскиот совет мора да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите.
Граѓаните мора да дознаат кој тоа влијае врз судиите и зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?
На државата и на граѓаните им е потребно судство кое ќе носи а нема да попречува правда.
Затоа граѓаните јасно ја знаат разликата меѓу концептите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ќе гласаат за правда наместо за неправда.
Граѓаните ќе гласаат за напредок, развој и интеграција во правна држава.
На прав пат сме. На тој пат треба да ја завршиме борбата за правда.
Тоа го очекуваат сите, тоа и го должиме на јавноста и тоа заедно со граѓаните ќе го обезбедиме.
На 12 април граѓаните масовно ќе потврдат дека сме на прав пат и силно ќе порачаат режим – никогаш повеќе.