Припадници на Службата за спасување во итни случаи од Мостар спасија жена од реката Неретва, јавија агенциите.
„По повик на полициската управа во Мостар, спасувачкиот тим беше испратен до местото Лучки Мост, каде е забележано женско лице на недостапна карпа во реката Неретва. Веднаш се интервенираше за спасување на жената, поради опасност од давење и хипотермија“, велат од Службата за спасување во итни случаи.
Интервенцијата завршила по полноќ кога жената, која била во лоша состојба, со симптоми на тешка хипотермија, со брза помош била пренесена во болница.