Како партија работиме на реформи во правосудството, отворените предмети мора да добијат разрешница

П: Министерството за правда потврди дека подготвува нов Закон за обвинителство без консултации со ВМРО-ДПМНЕ а потребно е двотретинско мнзоинство, како вие гледате на тоа?

Знаете дека, прво е поврзано со добивањето датум за преговори со Европската Унија. Тоа што се случи во декември беше историска грешка, како што сами соопштија претставниците од Европската Унија, за недоделувањето на датум за преговори. Меѓутоа ние, како владејачко мнозинство и како партија, не сакаме да оставиме, запирки или можни причини кои што би се спомнувале за евентуално недобивање датум за преговори во следниот период. Ние сме должни како партија и како мнозинство да работиме на реформи во правосудниот систем и ние сме решени тие реформи да ги спроведеме за конечно во оваа држава да имаат разрешница предметите кои се отворени, меѓутоа и да има и судски одлуки кои што ќе значат крај на тие процеси кои што во овој момент се случуваат.

П: Очекувате ли поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот кој веќе ќе се објави и дали имате консултации и поддршка од ДУИ?

За детали, за текстот на Законот во овој момент не можам да зборувам, затоа што се уште, ние како пратеници, не сме го добиле, односно не влегол во официјална собраниска процедура. Секако, дека сите политички партии или сите пратенички групи во Собранието ќе бидат консултирани за текстот и секако ќе се разговара за евентуалните забелешки, ако евентуално би ги имале. Но, секако, како што кажавте и вие, тој закон се носи со 80 гласа или со 2/3 мнозинство и се надевам дека ќе обезбедиме 2/3 мнозинство за конечно да го деблокираме и тој процес, односно да ја тргнеме таа запирка која што се спомнува во некој круг. Ако доаѓа како предлог од Министерството за правда или како предлог од Влада, ДУИ е коалиционен партнер, членуваат во владата, значи има поддршка и од ДУИ, како партија.

П: Последните изјави се во насока дека односите со најголемата коалиција се разнишани, како очекувате да се донесе одлуката со 2/3 мнозинство кога ВМРО-ДПМНЕ не се вклучени во консултациите, а дополнително сте скарани со ДУИ?

Значи, уште еднаш ќе повторам, дека тој предлог би дошол како предлог на владата. За да дојде како предлог на владата, прво треба да помине на Седница на Влада. И како предлог, кој што доаѓа од Влада, поминат на Седница на Влада, значи има поддршка и од ДУИ, како политичка партија, наш коалиционен партнер, коалиционен партнер во оваа влада.

П: Дали за вас е прифатливо Спасовски да биде премиер затоа што шпекулациите велат дека тој ќе биде технички премиер?

Прво, шпекулации не би сакал да коментирам воопшто. Во текот на денот, политичкото раководство ќе има редовна координација и најверојатно ќе се донесе таа одлука. Кога ќе се донесе одлуката, дали денес или во следниот период, како и до сега, така и тогаш и во иднина ќе бидете благовремено известени како медиуми за да бидат благовремено известени и граѓаните. Во овој момент, не сакам да зборувам за шпекулации.

П: Имал ли средба претседателот на СДСМ со потесното раководство на партијата, на која што јасно го искажал својот став, дека Оливер Спасовски го смета за единствен предлог за технички премиер?

Мислам дека одговорив на ова прашање, во текот на денот раководството ќе има редовна координација на која што ќе се разговара и за ова прашање, досега за такво прашање не се разговарало и тоа е само шпекулација, би сакал да не коментирам и да не одговарам на шпекулации, секако ќе бидете благовремено известени за која  и одлука да се донесе.

П: Дали вие лично сметате дека господинот Спасовски ќе одговори на задачата за технички премиер?

Ако ме прашувате лично , моето мислење е дека сите членови кои се во владата и други луге кои се надвор од кабинетот на премиерот Заев, имаат капацитет и се доволно спремни за да одговорат на тие задачи, секако во тие луѓе го сместувам и господинот Спасовски

П: И за овој закон и за други беа формирани вакви групи, опозицијата обвинува дека кај вас нема волја да одржувате седници и да имате заеднички решенија?

Кога го спомнувате законот за попис , директорот на ДЗС имаше средби со сите пратенички групи, ако зборуваме за тоа што ВМРО ДПМНЕ обвинува, мислам дека на сите ни е јасно во оваа држава дека ВМРО ДПМНЕ единствено што прави е блокада и работи деструктивно во ова собрание, се што се случува во овој период и со поднесувањето на амандманите значи блокада на работата на ова собрание така да лицемерно е ВМРО ДПМНЕ и опозицијата е да кажува дека некој нешто блокирал. Само ќе спомнам еден закон кој што гледам дека во медиумите се спомнува во последно време, ама сакам да кажам колку се деструктивни и лицемерни, Законот за академија на судии и јавни обвинители. Замислете тој закон на комисија помина на прво читање, помина на второ читање, опозицијата имаше амандмани кои што беа прифатени и тие се вклучени во  надополнетиот текст на законот и на тој дополнет текст на законот тие поднесуваат 970 амандмани, фактички тие 900 амандмани се на нивните амандмани кои се прифатени. За каква опозиција и за каква работа во собранието во овој момент зборуваме.

П: За Законот за одбрана, имате ли двотретинско мнозинство без ВМРО ДПМНЕ да го донесете и дали сте евентуално подготвени да се исклучи преименувањето на АРМ во интерес на донесувањето на законот?

Токму овој прес што го одржав денес беше во таа насока, нашето членство во НАТО е врзано со Преспанскиот договор и со уставното име РСМ, ние ако сакаме и тоа да го доведеме во прашање како држава, тогаш е смешно да коментираме дека треба да прифатиме таков текст на закон што го предлага ВМРО ДПМНЕ. За лицемерието нивно зборував до сега, за нив е проблем РСМ кога треба да станеме 30 членка на НАТО, ама не е проблем РСМ кога членуваат или кога одат на состаноци средби во нивната сестринска европска народна партија. Дали ќе се обезбеди мозинство, јас очекувам дека пратениците ќе се тргнат од лицемерната и дволична политика на Мицкоски и потесното раководство и конечно ќе дојдат во прилика да кажат дали се за членство во НАТО, дали сакат да станеме 30 членка на НАТО или не, ќе излезе се на виделина.

Треба да знаете
Последни објави