Калајџеив: Немаме вистински информации од кога Владата знае за Рекет

Професорот Гордан Калајџиев во дебатна емисија на телевизијата 24 рече дека министерката за правда Рената Дескоска не може да им дава метлa на судиите, дека Министерството не управува со секторот, тука има Судски и Обвинителски совет и тоа се независни тела.

-На пример Законот за обвинителство веќе не е ни приоритет, зошто да се носи закон сличен на постоечкиот. И сега некако по инерција се зборува дека треба да се донесе законот и зошто само да смени Македонија во Северна Македонија. Целата приказна заврши тажно. Дури ни странските амбасади не кажаа ништо за СЈО за кое инсистираа. Потоа ние немаме вистински информации од кога Владата за знае за Рекет, рече Калајџиев.

Тој потсети дека подолго време укажувал дека текстот за законот за јавно обвинителство треба да се извлече од рацете на политичките партии кои се пазареа и направија еден куп проблеми, и да се врати назад на експертско ниво со определни насоки.

-Верзијата која беше изготвена од пред 1 година беше изготвена врз основа на стратеигијата и се одеше на тоа да се продолжи мандатот на СЈО. Тоа беше неопходно бидејќи секоја власт си носи свој обвинител кој не ги гони нив туку тие што паднале од власта. Министерството сега понуди своја верзија зад која што никој не стои, но и нема јасен концепт. Го зема фактот на затворање на СЈО како завршен чин, се нудат решенија каде се враќа ситуацијата како порано, да опстане обвинителството за организиран криминал, кој ќе има поголема автономија само во финансирањето. Суштински автономијата во целост се угушена. Се гаси и идејата за сопствени истражни центри, и сега повторно ќе оди преку МВР, која е исто така политичка институција каде првично е заштита на партиските интереси отколку борба со криминалот, вели Калајџиев.

Треба да знаете
Последни објави