Мексиканското Министерство за одбрана објави статистички извештај за трговијата со дрога и со оружје во земјата во текот на изминатата година во кој се открива дека се запленети стотици тони дрога вредна повеќе од милијарда долари, речиси 10.000 парчиња оружја и повеќе од милион парчиња различна муниција, пренесува „Спутник“.
„Во монетарна смисла, запленетата дрога вреди 24,813 милијарди мексикански пезоси (1,3 милијарди долари)“, рече министерот за одбрана, Луис Кресенсио Сандовал.
Министерот додаде дека количеството синтетички фентанил, кој бил причина за повеќе предозирања во овој период, запленет во текот на годината изнесува речиси 600 килограми, што е нешто помалку од 600 милиони дози.
Областите на кои се одгледувало афион и канабис, уништени од властите во текот на годината, надминале 15.000 хектари, што во монетарна смисла е речиси 10 милијарди пезоси (527 милиони американски долари). Според Сандовал, запленети биле и повеќе од 4.427 пушки со кратки цевки, 4.852 пушки со долги цевки и 457 рачни гранати, како и над милион парчиња разни видови муниција.
Во изминатите 10 години, повеќе од 10 милиони парчиња огнено оружје биле прошверцувани во земјата, главно од САД, посочува мексиканското Министерство за национална одбрана.