Напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Холанд е пред големи искушенија во зимскиот преоден рок за фудбалери да го напушти австрискиот тим. Според „Спортиталија”, Милан е последниот клуб кој искажува сериозен интерес за младиот 19-годишен Норвежанец.
Се шпекулира дека „миланезите” се подготвени да му понудат договор на Холанд со годишна плата во висина од 5,5 милиони евра.
За 19-годишниот фудбалер се заинтересирани уште и: Барселона, Јувентус и Борусија Дортмунд.



