Мицкоски не му го честитал Св. Никола на Груевски, го нема неговиот телефонски број

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 и најави, ако стане премиер, проекти во сите региони, но и дека ќе бара сите граѓани од сите региони освен привилегиите да ги исполнуваат и обврските кон државата.

Лидерот на опозицијата вели дека исто како што ќе се залага за интензивен раст во Вардарскиот, Скопскиот, Пелагонскиот регион така ќе се залага и за развој на Полошкиот и сите други региони во Македонија.

Мицкоски во контекст на обврските кон државата зборуваше за општината Арачиново населена со Албанци каде што од десетина илјади жители државата собрала само 960 денари данок на имот.

На почетокто на емисијата Мицкоски рече дека не му го честитал именденот на екс премиерот Никола Груевски затоа што воопшто не е во контакт со него и го нема неговиот телефонски број и им го честиташе Свети Никола на сите што денеска го слават.

Треба да знаете
Последни објави