Интегрален текст од изјава на Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
„СДСМ и Зоран Заев од 14 до 16 декември потроши неверојатни 185 илјади евра за реклами по медиумите.
Заклучно со овие 3 дена, за само една недела СДСМ и Зоран Заев имаат потрошено 505 илјади евра за реклами.
Партијата која им вети на граѓаните дека кога ќе дојде на власт ќе ги скрати рекламите, гледаме дека го прави спротивното. Се расфрлаат со неверојатни суми на пари за преку медиумите да ги лажат и манипулираат граѓаните дека во државава се е розево и тече мед и млеко.
Доколку се анализира пазарната вредност на рекламите ќе се види дека владата во заминување ја потрошила оваа огромна сума од 185 илјади евра за само 3 дена, односно за 14, 15, 16 декември. Пари наменети за ширење на лажни вести да ги убедат граѓаните дека државата не тоне, дека не сме последни во регионот и Европа по сите можни индикатори и дека не сме на дното по невработеност на младите.
СДСМ и Заев се должни да одговорат од каде им се овие огромни суми на пари?
Дали станува збор за државни пари на граѓаните на Република Македонија, или пак се работи за рекетирани пари бидејќи сведоци сме како целиот врв на партијата им е длабоко навлезен во уцени на бизнисмени?
Доколку СДСМ за само овие 4 дена потрошиле 320 илјади евра, колку уште други стотици или милиони евра има потрошено последниов период за да ги манипулира граѓаните на Република Македонија?
Претходно сведоци сме како субвенционираа медиуми, а задните намери им беа да вршат влијание во истите медиуми и да им се мешаат во уредувачката политика.
Очигледно е дека на Заев и СДСМ и гори под нозе и свесни за поразот кој им следи на 12 април па затоа на секој можен начин се обидуваат да ја излажат јавноста за сите криминали афери и неработа во последните години.
Граѓаните нема да наседнат повеќе на лагите на Зоран Заев. Времето на СДСМ и Зоран Заев измина и тие заминуваат во историјата, а доаѓа обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.“