Скопје и скопјани во сабота (21.12.2019 година) во 13 часот на плоштад „Македонија“ ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе.
Сите граѓани коишто сакаат да бидат дел од обидот Скопје да влезе во Гинисова книга на рекорди треба да бидат на плоштадот во 13 часот.
Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, 2015 година со 4030 учесници.
Настанот е дел од Винтерленд и ќе биде збогатен со музичко забавно програма, а за доброто расположение и празнична атмосфера ќе се погрижи Бени Шаќири. Ве очекуваме во сабота во 13 часот на плоштад за да го сместиме Скопје на светската Гинис мапа.